Делегација од ВС на Обединетото Кралство предводена од потполковник Џон Едвард Грин, акредитирано воено аташе на Обединетото Кралство, го посети Баталјонот на Воена полиција (бВП).
Пред делегацијата, од страна на припадниците на бВП, беше реализирана презентација за достигнатото ниво и способност за интеграција во меѓународните сили при извршување на операции со висок интензитет, како и презентација на дел од опремата, како криминалистичка опрема и техника со која располага единицата.
Посетата имаше за цел да ја унапреди синхронизацијата, продлабочи соработката и подобри интероперабилноста со воената полиција помеѓу двете Армии, преку заедничка обука, вежби, размена на искуства, вештини и знаења од воено-полициска проблематика, а во согласност со билатералната соработка.