Во период од 24.02. до 12.03.2025 година, инструктори од Вооружените сили (ВС) на Обединетото Кралство, согласно Планот за билатерална соработка за 2025 година се во посета на Баталјонот на Воена полиција (бВП) Скопје. Посетата има за цел да ја унапреди синхронизацијата и координацијата помеѓу двете армии, како и да се разменат искуства, вештини и знаења од воено-полициски проблематики.
За време на посетата на инструкторите од ВС на Обединетото Кралство се реализираше активноста „LIBG Support – Military Police Trening Needs Analysis“, која имаше за цел да се набљудува и мониторира обуката во бВП Скопје. Инструкторите дадоа забелешки за подготовката на единицата во извршување на функциите на Воена полиција при давање на поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група, како и за нивниот претстоен ангажман за време на реализација на вежбата „Immediate Response“ – Defender Europe 25.