Во Командата за операции (КО) се реализира посета од ново поставениот шеф на канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД, Шон Руфоло, тој беше пречекан од командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.
Целта на посета е запознавање со единиците на Армијата и продолжување на веќе воспоставената соработка со канцеларијата за давање на поддршка.
По посетата на КО, потполковник Шон Руфоло оствари средба и со командантот на 1. Пешадиска бригада (1.пбр), полковник Сашко Лафчиски, каде беше запознат за процесот на трансформација на силите, персоналот, вооружувањето, опремата и обуката, како и за досегашниот тек на процесот на модернизација на 1.пбр.
На одвоените средби беше искажана подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката во остварување на целите и задачите за полесно совладување на предизвиците во Армијата, кои би се појавиле во текот на неговиот ангажман.