На ден 13.09.2024 година, во просториите на Командата на вВИНГ, се реализира посета од страна на резидентно одбранбено аташе на САД, полковник Ден Сквајарс и воздухопловно аташе на САД, мајор Виктор Белов.
За време на средбата со аташеите и Командантот на вВИНГ полковник Игорчо Стоименовски со припадниците на штабот и командата, се разговараше за продлабочување на билатералната соработка и размената на искуства помеѓу воздухопловните сили на САД и вВИНГ на Армијата.