Денес во посета на командата и штабот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), беше тим од Амбасадата и Министерството за одбрана на Обединетото Кралство (ОК). Гостите беа примени од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски.За време на посетата се реализираше брифинг за единицата, за приоритетите и задачите кои треба да се достигнат во идниот период, како и за досегашната соработка со тимовите од ОК.
На крајот на средбата, генералот Чиплаковски се заблагодари на добрата соработка со претставниците на ОК, која посебно е изразена во делот на обуката и курсевите на кои учествуваат припадниците од 1.пбр и Армијата.
Во текот на денешниот ден тимот од Амбасадата и Министерството за одбрана на Обединетото Кралство (ОК) оствари посета и на Баталјонот на Воена полиција (бВП). Гостите беа примени од страна на командантот на Баталјонот на Воена полиција, потполковник Зоран Станковски и имаа можност да се запознаат со активностите на единицата и приоритетните задачи кои треба да се достигнат во наредниот период. Командантот на бВП се заблагодари на добрата соработка со претставниците на ОК, која посебно е изразена во делот на обуката и курсевите на кои учествуваат припадниците од Баталјонот на Воена полиција.
За време на двете посети се истакна потребата за продолжување на успешната соработка со Вооружените сили на ОК, особено во процесот на обука и изведување на идните вежби во кои ќе учествуваат припадниците на Првата пешадиска бригада и припадниците на Баталјонот на Воена полиција.