Во период од 22 до 24 ноември, во посета на воздухопловната бригада (вбр) и центарот за обука на пилоти (ЦОП) во касарната НХ „Страшо Пинџур“ присуствуваа претставници од военото воздухопловство на Република Италија.
Во составот на делегацијата од Република Италија се потполковник Џорџо Де Орландо воен контролор на летање и мајор Џовани Касталдо пилот на хеликоптер за борбено пребарување и спасување од составот на военото воздухопловство на Италија.
Посетата е дел од билатералната соработка, при што претставниците од военото воздухопловство на Република Италија остварија средба и со командантот на вбр полковник Роберт Малезански.
За време на посетата делегацијата покрај останатото имаше можност да се запознае со летачките единици, баталјонот за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ) како и лицата кои вршат должност од областа на воената контрола на летањето. На средбите беа одржани презентации за единиците и нивната работа, а воедно се одржаа и разговори за соработка на полето на воздухопловството, контролата на летањето и заштита на воздушниот простор, по што беше организирано разгледување на хеликоптерите.
На крајот од посетата се разговараше за можностите за понатамошна соработка на повеќе полиња од делот на воздухопловството.