Во текот на денешниот ден (09.06.2014 година) во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ беа новоназначениот и досегашниот воен аташе за воздухопловство на САД во Република Македонија.
Целта на посетата беше запознавање и претставување на новото воздухопловно аташе на САД во РМ, потполковник Џенифер Форд, со Командантот на воздухопловната бригада, полковник Кире Колевски, како и запознавање со вбр.
Посетата беше искористена и за поздравување со досегашното аташе на САД во РМ потполковник Борис Гершман, кој изрази големо задоволство за досегашната соработка со воздухопловната бригада.
За време на посетата се разговараше на повеќе теми кои би биле од интерес за воздухопловната бригада и Армијата на Република Македонија, а беа разменети и искуства и мислења за понатамошната соработка.
Како дел од посетата на касарната „Н. Х. Страшо Пинџур“ Петровец, гостите остварија кратка посета на командата на првата механизирана пешадиска бригада (1мпбр), при што остварија средба со Командантот на 1мпбр, бригаден генерал Павле Арсоски.
На крајот од средбата гостите изразија задоволство од остварената средба, со желба за континуитет во соработката и во понатамошниот период.