Претставниците на земјите учесници на вежбата „REGEX-19“ денес реализира посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) и истите беа примени од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски.
Врз основа на годишниот план за вежби на АРМ и ЗОК, во тек е реализација на Иницијалната планирачка конференција (ИПК), за вежбата „REGEX-19“ во хотелот „Holiday Inn“ во Скопје, во периодот 04.02 – 08.02.2019 година, во организација на Здружената команда на НАТО во Неапол. По завршување на ИПК ќе биде изработена детална анализа на сите проблеми и предизвици, со цел успешна и квалитетна реализација на вежбата.
По одржаната презентација на која учесниците на вежбата „REGEX-19“ се запознаа со мисијата, структурата, опремата и капацитетите на единиците од ЗОК, беше презентирана вежбата „REGEX“, на која Република Македонија е домаќин, со нејзината важност и обемност. Оваа вежба за НАТО е планирана да биде со најголем број на држави во последните 4 години и е влезена во календарот на НАТО вежби, како една од поважните штабни вежби во симулационен центар.
ЧС/ИМ