Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија како дел од Програмата за соработка со Армијата на Република Македонија (АОА) денес реализира посета на Здружената оперативна команда (ЗОК).
По одржаната презентација на која одбранбените аташеи се запознаа со мисијата, структурата, опремата и капацитетите на единиците од ЗОК, а на стрелиштето „Красте“ беше реализирано и гаѓање со пиштол и тактичко-технички збор на борбена опрема кои се на употреба во единиците на ЗОК.
На гаѓањето кое имаше натпреварувачки карактер, помеѓу Асоцијацијата на одбранбени аташеи и припадници од АРМ и Министерството за одбрана на Република Македонија (МО на РМ), најдобри резултати покажаа полковникот Марјан Јачевски од МО на РМ и Александар Крачковиќ, одбранбено аташе на Република Србија.
ЧС/ИМ