Денес во Првата пешадиска бригада (1.пбр), беше реализирана посета од страна на инспекциски тим, согласно одредбите на „Виенскиот документ 2011“.
Тимот се состоеше од претставници од ВС на Република Србија, придружуван од екипа од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за одбрана на Република Северна Македонија.
За време на посетата тимот беше запознаен со историјата и мисијата на единиците, организациско-формациската структура, опремата со која располага единицата, локацијата на потчинетите единици, терените за обука, активностите, трансформацијата и идните планови на единицата и останати активности, кои се редовна обврска за известување според одредбите од „Виенскиот документ 2011“.
Инспекцискиот тим воедно изврши и обиколка на 1.пешадиски баталјон во Кичево, каде се запозна со активностите и опременоста на единицата.
По реализацијата на презентациите, претставниците од штабот на единиците одговараа на прашања на членовите на тимот.
ГЃ/ДЧ