На ден 28 Јануари (Вторник) во просториите на Здружено Оперативната Команда од страна на претставници на фирмата од Република Турција „Хавелсан“ специјализирана за информатичка опрема беше извршена презентација на информатички систем за командување и контрола таканаречен „Defence out of a box“.
На претставниците на фирмата „Хавелсан“ најпрвин им беше посакано добредојде од страна на началникот на штаб во ЗОК бригаден генерал Стојан Димчов, а потоа пред присутните началницити на секции од ЗОК, командантите на првопотчинетите баталјони на ЗОК и началници на секциите од командите на бригадите од страна на регионалниот маркетинг менаџер за Америка и Европа, програмскиот менаџер и софтверски инженер на фирмата беа реализирани презентации на кои беа преставени техничките карактеристики и можности на информатичкиот систем за командување и контрола.
Присутните пројавија голем интерес за презентираното при што беа поставени голем број на прашања. Овие презентации понатаму продолжуваат и во останатите команди и единици на Армијата на Република Македонија.