Во Командата за операции (КО) се реализира прием на новопоставени офицери во служба на Армијата на Република Северна Македонија, кои се распоредени на должности во KO.
Ново примените офицери беа примени од страна на командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини. На приемот присуствуваа началникот на штаб во КО бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и началниците на секции во Команда за операции.
По искажаното добредојде и честитки за почетокот во активната воена служба поручниците и потпоручниците беа запознаени со мисијата, историјата, структурата и задачите кои ги има КО, како и активностите кои претстојат во понатамошниот период, а во кои тие активно ќе учествуваат. Од нив се очекува да ги применат знаењата кои ги имаат стекнато во текот на нивното школување и ги надградат истите со цел успешно извршување на поставените задачи.
И.М