Денес 15 септември 2015 година (вторник), во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се реализира свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во Здружена оперативна команда (ЗОК). Должноста командант на 1.мпб од потполковник Али Хајро ја прими потполковник Лулзим Нуредини кој досега ја извршуваше должноста началник на секција С-7 во 1.мпбр.
На свеченоста присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, началник на штаб во ЗОК бригаден генерал Азим Нуредин, командантот на 1.мпбр полковник Зоран Милески, градоначалници и претставници од локалната самоуправа, јавни установи и лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.
Со свои говори се обратија командантот на 1.мпбр полковникот Зоран Милески кој истакна дека 1.мпб има долга традиција достојна за почит, како малку која друга единица од составот на 1.мпбр.
Досегашниот командант на 1.мпб, потполковник Али Хајро упати пофални зборови за единицата на укажаната поддршка во текот на неговото командување. Новопоставениот командант, потполковник Лулзим Нуредини му се заблагодари на досегашниот командант за лидерството со кое ја водеше единицата и ги менаџираше сите процеси.
На крајот од воената церемонија следуваше свечено примопредавање на военото знаме на баталјонот и воено дефиле на ешалоните од потчинетите единици на 1.мпб.