Во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на 2. логистички баталјон ( 2 логб).
Должноста командант на 2.логб од потполковник Горан Трајаноски ја прими потполковник Зоранче Ристевски кој досега ја извршуваше должноста началник на штаб во 2. логб во гарнизонот Кичево.
На свеченоста присуствуваа командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми и командантите на ППЕ. Командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми му се заблагодари на досегашниот командант за покажаните резултати во реализација на поставените задачи, со честитки за понатамошен успех на новото работно место. На ново поставениот командант му посака успех во извршување на задачите кои претстојат.
Потполковник Трајаноски се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на досегашно работење и упати честитки до новиот командант. Новопоставениот командант, потполковник Зоранчо Ристовски истакна дека крајно совесно и одговорно ќе раководи со единицата и од припадниците на 2 логб побара заедно да градат меѓусебна доверба и да придонесуваат кон создавање на успешен војнички колектив.
Во текот на свеченоста официјално се изврши и примопредавање на военото знаме на единицата.
СС/ЛС/БН