Денес, 8-ми октомври во касарната „Илинден“, се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Центарот за снабдување и транспорт (ЦСТ) од составот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП).
На примопредавањето присуствуваа претставници од секциите за логистика од Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, бригадата за логистичка поддршка, командантите на баталјоните од составот на брЛП и командантите на единиците лоцирани во касарната „Илинден“.
Должноста командант на ЦСТ, од потполковник Зоран Миленковски ја прими мајор Никола Анѓелов.
На свеченоста, заменик командантот на брЛП, потполковникот Цветко Јаневски, му се заблагодари на досегашниот командант за постигнатите резултати и успешната соработка, а од новоназначениот командант на ЦСТ честитајќи му ја должноста побара правовремено и квалитетно да одговори на предизвиците кои ги носи оваа должност.
Потполковник Зоран Миленковски изрази благодарност до колективот за поддршката и заеднички постигнатите резултати при реализацијата на многуте задачи во изминатите три години.
Новоназначениот командант, мајор Никола Анѓелов истакна дека „честа и силата“ од Првата механизирана пешадиска бригада и „знаењето и работата„ од 3 логистички баталјон ќе ги вгради во работењето и несебично ќе се залага да го продолжи и подобри она што досегна е постигнато, со што ќе ја оправда дадената доверба за командување со единицата.