Во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“, во Петровец, се одржа свеченост по повод примо предавање на должност командант на сОТ. По тој повод на свеченоста присуствуваа командантот на вВИНГ командантите и командирите на потчинетите единици на вВИНГ, началниците на секции вВИНГ и останати гости.
За време на примопредавањето свое обраќање имаше командантот на вВИНГ кој во своето обраќање му се заблагодари на претходниот командант на сОТ како и за неговите постигнати резултати, а од новоназначениот командант потполковник Борис Настовски честитајќи му ја должноста, побара максимално посветеност на специфичноста и предизвиците на единицата и постигнување на исто така високи резултати при извршување на поставените задачи.
Новоназначениот командант, потполковник Борис Настовски се заблагодари за укажаната можност да командува и работи со врвни професионалци при што истакна дека и во иднина ќе продолжат со добрата работа и ќе се трудат да постигнат уште позначајни резултати. Исто така истакна дека ќе ги искористи знаењата и искуствата од досегашното работење, со што ќе ја оправда дадената доверба за раководење со оваа единица.