Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија од дванаесеттиот и тринаесеттиот контингент во мировната операција „Одлучна поддршка“, кои извршуваат должности во Главната команда на операцијата (ГК) и во Командата за обука, советување и асистенција Главен град (КОСА-ГГ), со симболична церемонија извршија примопредавање на должноста.
На церемонијата со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, покрај персоналот од двата контингента присуствуваа и командантот на КОСА -ГГ, бригаден генерал Ахмет Денер, од Армијата на Република Турција, полковникот Карлос Окуендо од Армијата на САД и други гости од главната команда.
Во своето пригодно обраќање генералот Денер се заблагодари на припадниците од досегашниот контингент за нивното залагање и придонесот во извршувањето на задачите во командата, а на припадниците од новиот контингент им посака добро здравје, успешна работа и со своето залагање да го дадат својот придонес кон мисијата.
На крајот од свеченоста на мировниците од дванаесеттиот контигент, им беа доделени сертификати со НАТО медал за учество во мировната операција во ИР Авганистан, на кои за првпат е поставено и знамето на Република Северна Македонија, како полноправна земја членка на НАТО.
ЈИ/ЈМ/БН