Денес, во касарната „Илинден“-Скопје, се одржа воена свеченост по повод „21-ви Октомври“ Денот на Баталјонот за врски.
На свеченоста присуствуваа: началникот на штаб на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Орце Јордев, командантот на полкот за специјални операции(пСО), бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, началниците на секциите Ј-6 на ГШ на АРМ и ЗОК, останатите команданти на првопотчинети единици на ЗОК, поранешни команданти на полкот и баталјонот за врски, преставници од локални самоуправи, како и преставници на фирми соработници на единицата.
На свеченоста пред присутните, началникот на штаб на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев, во своето обраќање го истакна значењето и важноста на баталјонот за врски во функцирањето на командите и единиците во АРМ. Командантот на баталјонот за врски, потполковник Илија Дамчевски, меѓу другото истакана дека баталјонот за врски е исклучително важна компонента од армиската формација, каде согласно мисијата ги поставува, одржува и реализира стационарните и мобилни врски, односно врши нивна интеграција во глобалниот комуникациски систем на армијата, неопходен за процесот на командување и контрола во мирновремени и воени услови.
По повод Денот на единицата, баталјонот за врски организираше крводарителска акција во ГОБ „8ми Септември“ на која земаа учество голем број на припадници на единицата. Преку дарувањето на крв, чин кој преставува највисоко ниво на хуманост, припадниците на дело ја изразија својата солидарност да се спаси и да се продолжи нечиј живот.
Исто така беше прикажана дел од специјалната опрема со која располага баталјонот за врски, кој заедно со високо стручно и професионално изградени старешини и цивилни лица, многу успешно ја извршуваат својата мисија.
Денес, во современите услови на живеење, владеењето со информацијата е од непроценливо значење. Оттаму, баталјонот за врски живее и работи под мотото ИНФОРМАЦИЈАТА Е МОЌ.
На свеченоста беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ, Командантот на ЗОК и многу други до припадниците на батсалјонот за врски, како и стимулативни мерки по повод 21-ви Октомври Денот на единицата.
ДД/ЧС/НЈ