Делегација на АРМ предводена од бригаден генерал Павле Арсоски на ден 20 и 21.08.2015 година, присуствуваше на свеченост а по повод смена на командантите на SEEBRIG (South-Eastern Europe Brigade – Југо Источната Европска Бригада), во Лариса, Грција.
SEEBRIG е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година го потпишаа Министрите за Одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и Турција во Скопје.
Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на SEEBRIG е на четиригодишна ротациона основа, а нејзини домаќини се следниве градови: Пловдив, Констанца, Истанбул (до јуни 2011) и Лариса од јуни 2011-2015.
Позицијата Командант на SEEBRIG ротира помеѓу земјите учеснички на двегодишен период. Во период од 2011-2013 година Командант на Бригадата беше бригадниот генерал Здравко Поповски од Армијата на Република Македонија.
Досегашниот командантот на SEEBRIG, бригаден генерал Хакан Есер, по назначувањето во период од 27-ми до 30-ти ноември 2013 година ја предводеше делегацијата од SEEBRIG која изврши евалуација на нашите единици декларирани во оваа бригада.
АРМ во SEEBRIG партиципира со декларирани механизирана пешадиска чета од составот на 2. механизиран пешадиски баталјон /1 мпбр, инженериски вод од инженерискиот баталјон/1.мпбр и со штабни офицери.