Во период од 16-17 Јуни 2015 година, командантот на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) генерал мајор Методија Величковски на покана од командантот на турските воени воздухопловни сили, генерал Акин Озтурк присуствуваше на свеченото отварање на на мултинационалниот воен тренинг центар за пилоти (МВТЦП) во Измир, Р.Турција.
За време на дводневниот престој командантот на ЗОК покрај присуството на церемонијата на отварање на МВТЦП, оствари средби со домаќинот, генерал Акин Озтурк, со останати високи воени старешини од турското вооружени сили и со претставници од останатите воени делегации кои присуствуваа на активноста.
Притоа се разговараше за можноста за остварување на соработка помеѓу армиите на двете земји во областа на военото воздухопловство и можноста за обука на персонал од АРМ во мултинационалниот центар за обука на пилоти во Република Турција.