Како резултат на досегашната успешна соработка на Армијата на Република Северна Македонија со 4. Бригадата за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB) од Армијата на САД, во период од 01-06.08.2021 година на покана на Командантот на 4.SFAB во посета на базата Fort Carson, Colorado каде се наоѓа командата на бригадата, престојуваа претставници од 1.пешадиска бригада од командата за операции.
За време на посетата беше потенцирана досегашната успешна соработка помеѓу двете сојузнички армии и потребите истата да продолжи со уште посилен интензитет во наредниот период. Согласно предвидената агенда за посета, преставниците од 4.SFAB беа запознаени со структурата на 1.пбр, како и со мисијата и задачите на лесниот пешадиски баталјон. Исто така за време на посетата, беа претставени и се изврши запознавање со тимовите од 1st Bn од 4.SFAB кои во периодот од октомври 2021 до април 2022 година ќе присуствуват во Република Северна Македонија со цел асистенција на обуката на лесниот пешадиски баталјон, како подготовка за НАТО оценување на истиот во месец април 2022 година.
Од страна на командантот на 2.пб, тимовите детално беа запознаени со планот за обука за наредниот период до оценување и за сите детали околу нивниот престој во Република Северна Македонија, додека од нивна страна на делегацијата од Армијата на Република Северна Македонија беа презентирани неколку варијанти од оклопните возила за превоз на пешадија „STRYKER“.
Резултат од посетата, е договорената посета на тимови од ова единица кои ќе бидат присутни за време на подготовката и НАТО оценувањето на лесниот пешадиски баталјон во април 2022 година. Дополнително, покрај овие тимови беше разговарано за евентуално ангажирање на дополнителни припадници од истата единица за обука и советување на инженерискиот баталјон од нашата Армија.