На ден 17.10.2018 година, во раните утрински часови декларираната чета на Воена Полиција успешно изврши марш до АП „Криволак“, каде во реонот на операции, согласно предвиденото сценарио, го имплементира планираниот систем за непрекинато ажурирање на тековната оперативна слика и на тој начин обезбедија насочување на маневарскиот елемент кон правилна и потполна реализација на доделената мисија.
На АП „Криволак“, декларираната чета на Воена Полиција, го продолжува вториот ден од оценувањето на борбената готовност согласно Здружените стандарди за сили на НАТО. Преку димензионирани и прилагодени настани ќе треба да ја докомплетираат сликата за реалната способност на единицата да одговори на сите предизвици кои би ги очекувале во евентуални НАТО предводените мисии за поддршка на мирот. Задачите се однесуваат на способноста на единицата за справување со демонстранти и контрола на толпа, патролирање и воспоставување на контролна точка, обезбедување на база, како и кордон и пребарување.
Во исто време, продолжува и медицинското самоценување на копнената маневарска болница (КМБ) – улога 2, преку проценување на секој модул посебно.
АС/ЗВ