На покана на командантот на здружените специјални операции на Република Грција, генерал-мајор Георгиос Тситсикостас, командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски, во периодот 29-30.10.2020 година присуствуваше на завршната церемонија на падобранската обука во Атина, Република Грција на која учествуваа 27 припадници од Армијата на Република Северна Македонија.
Во рамките на истата се потпиша и Технички договор за соработка во вежбовни активности меѓу силите на специјалните операции на Република Северна Македонија и Република Грција. Потенцирајќи ги досега со успех реализираните заеднички обуки како и обуките кои се во тек (обука за борбено нуркање, основна падобранска обука, падобранска обука, MTT „Sweet water diving training“, „Joint Special Ops Forces Training“ – JCET,) грчката страна упати покана за учество на активноста што претставува одлична прилика да се договорат нови форми и содржини на соработка од доменот на специјалните сили.
Учеството на овие меѓународни обуки игра важна улога во зајакнувањето на заедничката безбедност. Припадници од Армијата ги разменуваа искуствата помеѓу армиите на земјите учеснички преку заедничко извршување на поставените задачи во текот на реализацијата на споменатата обука.
ЧС/БН