Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Павле Арсоски оствари протоколарна проштална средба со Шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во Република Македонија, морнарички капетан Горазд Бартол.
Генералот Арсоски искажа благодарност на капетан Бартол за досегашната успешна соработка и за сето она што тој лично и неговиот тим го направија за ЗОК и АРМ во изминатиот двегодишен период кон нашите зацртани цели за полноправно членство во НАТО алијансата.
Средбата, на која присуствуваше и началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев, е од протоколарен карактер поради завршување на должноста на морнаричкиот капетан Горазд Бартол како Шеф на канцеларијата за врски во НАТО во Република Македонија.
ЧС/БН/ПА