Во касарната Илинден во Скопје, во организација на Главниот подофицер на ЗОК, главен наредник Љупчо Стојков, се одржа работен состанок со главните подофицери од бригадите и баталјоните од Здружената оперативна команда (ЗОК).
Целта на состанокот беше анализа на состојбата на подофицерскиот кор и неговото функционирање, со акцент на идни предизвици како и подобрување и продлабочување на соработката и размена на искуства помеѓу главните подофицери во ЗОК.
На состанокот произлегоа заклучоци кои треба да се имплементираат во наредниот период, а со цел унапредување на состојбата во подофицерскиот кор преку градење на цврсти и професионални односи, посветени на својата должност и со една цел – подофицерите и војниците се огледало на армијата.