Во периодот од 05-09.05.2014 година во работна посета на воздухопловната бригада престојуваа пилоти од Националната Гарда на Вермонт од Соединетите Американски Држави при што беше реализирана работилница на тема: „Процес на подготовка на декларирана единица пред упатување во мировна мисија“.
На работилницата беа обработени повеќе теми, меѓу кои: Планови на декларирана хеликоптерска единица пред упатување во мировна мисија, Упатување во мировна мисија, Планови и способности за одржување на ресурсите, изведување на мисии за медицинска евакуација и друго.
Исто така во текот на работилницата беа разменети меѓусебни искуства за изведување и подготовка за мировни мисии, како и можностите за соработка во понатамошниот период.
По завршувањето на работата, гостите остварија посета на потчинетите единици, каде им беа прикажани дел од воздухопловите како и плановите за понатамошна модернизација на истите.