Во Центарот за обука „Пепелиште“ во период од 27 до 31 јануари 2014 година се одржа работилница за изработка на концептот на операции (strategic concept of operations – CONOPS) која претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок 10“.
Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковникот Ѓоко Максимов кој со воведен брифинг ги запозна учесниците со досега сработените обврските и задачите кои произлегоа од реализираната Иницијалната Планирачка Коференција. На крајот од брифирањето, директорот на вежбата го означи почетокот на работилницата со дадени приоритети за лидерите на синдикатите и притоа незаборавајќи да ја нагласи примената на досегашните искуствата и научените лекции во реализација на содржините на агендата за планирање на вежбата усогласени со Иницијалната Планирачка Конференција.
Командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски оствари работна посета на работилницата при што од страна на директорот на вежбата и лидерите на синдикатите, беше детално запознаен со нивото на подготвеноста за изведувањето на вежбата.
Работата на работилницата беше организирана по синдикати, работен јазик беше англискиот, и при тоа беа изработени сите документи кои се предвидени со CONOPS – Дизајнот (Преглед на документите од стратегиската иницијација (Резолуцијата на Обединетите Нации и Договорот за прекин на огнот), Анализа на мисијата, Опции за воен одговор и Одлука на Командантот на Здружените Сили за Задача кои се во согласност со Директивата за планирање 75-3 Bi-SC.
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на работната конференцијата претставуваат добра основа за понатамошните подготовки до почетокот на наредната фаза од процесот на планирањето и успешното реализирање на Главната Планирачка Конференција која ќе се реализира во месец февруари 2014 година.
Фазите на претстојните планирани подготовки треба да се искрастилизирани, беспрекорни и совршени, се со цел успешно да се изврши НАТО оценување НИВО-2 на декларираните единици според Концептот за операбилни способности на НАТО (OCC) за претстојната вежба „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 10“ која има големо значење за АРМ во целина.