На 31 август 2026 година, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, оствари работна средба со новопоставеното одбранбено аташе на САД во Република Северна Македонија, потполковник Андру Шели.
На почетокот на средбата беше реализиран краток брифинг, при што аташето беше запознаено со мисијата, задачите, организациската структура и клучните способности на Командата за операции, како најголема оперативна команда во составот на Армијата.
Во продолжение беа разменети мислења за тековните активности, развојот на оперативните способности, унапредувањето на интероперабилноста и можностите за понатамошно продлабочување на соработката со Вооружените сили на САД.
На средбата присуствуваа: шефот на кабинетот на командантот, главниот подофицер и началниците на секциите во Командата за операции, со што беше овозможена непосредна размена на информации и запознавање со функционалните области и приоритетите на Командата.








