На ден 14.04.2015 година во посета на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) во Куманово престојуваше воена делегација од Вооружените Сили (ВС) на Република Полска предводена од командантот на Оперативната Команда (ОК), генерал потполковник Марек Томашицки.
Воената делегација ја придружуваше амбасадорот на Република Полска во Република Македонија неговата екселенција Јачек Мултановски и военото аташе на Р. Полска, полковник Адам Зугај.
По пречекот од страна на командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски и дел од командата и штабот, се реализира состанок на кој делегагацијата од ВС на Р.Полска имаше можност да се запознае со структурата и мисијата на ЗОК и воедно да размени взаемно корисни мислења и искуства.
Покрај презентацијата за ЗОК меѓу другото се дискутираше за искуствата на двете армии при учество во мировните мисии, можноста за заеднички вежбовни активности и обука како и потребите од модернизацијата на вооружувањето и воената техника.
Целта на посетата на ЗОК беше разгледување на можноста за подигнување на степенот на соработката помеѓу двете Оперативни Команди преку споделување на знаења и искуства кои се исклучително важни за унапредувањето на интероперабилноста на единиците на АРМ.