Во период од 8 до 11 мај 2017 година на Армискиот полигон „Криволак“ декларираната хаубичка батерија 105 мм, од артилерискиот баталјон реализира стационарно логорување со артилериско боево гаѓање (АБГ) и тактичка вежба (ТВ) со АБГ.
Декларираната Хаубичка батерија 105 мм е дел составот на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ). Гаѓањата се изведуваа во рамките на подготвителната обука за претстојното реоценување, НАТО оценување Ниво-2, на декларираните единици од СПБГ.
Припадниците од составот на декларираната хаубичка батерија 105 мм, покажаа висока професионалност одлична обученост и извежбаност во спроведувањето на стандардните оперативни процедури на единицата, што резултираше со постигнување на врвни резултати во реализацијата на АБГ со водовите и ТВ со АБГ на батеријата.
ТВ со АБГ беше набљудувана од страна на Директорот на ГШ, генерал-мајор Димче Петровски, Началникот на штаб на ЗОК, бригаден генерал Азим Нуредин и Командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.