Согласно годишниот план „Календар за обука за 2024 година“, припадници на баталјонот на Воена Полиција (бВП), во изминатиот период реализираа Обука за борба во зимски услови во гарнизонот Штип (издвоен објект „Лисец“).
Основната цел на обуката е припадниците на бВП да се обучат, оспособат и извежбаат во тактиките, техниките и процедурите за живот и работа во отежнати услови при извршување на наменски задачи во разни земјишни, временски и метео услови, како и да го согледаат влијанието на студеното време и ниските температури врз луѓето и техниката при извршување на задачите во планински услови.
За време на обуката се извежбуваше давање на прва помош при смрзнатини, ориентација и останати формациски и прирачни средства по терен покриени со снежна покривка, како и престој на припадниците во објекти за престој и засолнување во планина во игло, мечкина дупка и бивак. Возачите на моторни возила, во текот на обуката ги унапредија нивните вештини за управување на тешко прооден терен и терен со снежна покривка.
Планираните теми на обуката во зимски услови беа реализирани успешно согласно планот за обука каде припадниците на бВП покажаа професионализам и подготвеност за извршување на доделените задачи и јакнење на тимскиот дух што ќе овозможи да се стекне потребното ниво за изведување на задачите во планинските услови.
АА