Во соработка со Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија (ОРОРСМ), на ден 20.05.2023 година (сабота), на стрелиштето „OСОЈ“ во град Кичево се одржа подготвително гаѓање на реден број 1 со автоматска пушка 7,62 мм (АП 7,62 мм).
Пред стројот на резервните офицери им се обрати командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски, меѓу другото го истакна значењето на резервните офицери во државата.
На резервните старешини пред почетокот на гаѓањето им беа презентирани тактичко-техничките карактеристики, намена и борбени особини на АП 7,62 мм. На стрелиштето присуствуваа 70 припадници на ОРОРМ.
На крајот на активноста претседателот на организацијата на резервни офицери изрази голема благодарност за помошта и поддршката која ја пружија припадниците на 4. пешадиски баталјон од составот на 1. пешадиска бригада.