Во периодот од 21 до 25.06.2021 година, во касарната „Јане Сандански“ – Штип, беше реализирана Работилница за спецификација за вежбата „Блесок 22“ (Б 22). Работилницата за спецификација на вежбата е прва од низата на работилници и конференции кои се планирани да се реализираат во наредниот период до реализација на вежбата „Блесок 22“, која е планирана да се реализира во период од 3 до 11.04.2022 година на АП „Криволак“.
На самото отворање на работилницата, директорот на вежбата потполковник Зоран Сумрачки го истакна значењето на вежбата во чии рамки ќе биде реализирано оценување на декларираниот лесен пешадиски баталјон (лпб) согласно Стандардите за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО (CREVAL).
За време на работилницата беа изработени следните документи:
- Планирачки насоки за вежбата на командантот на Команда за операции;
- Референтни побарувања за вежбата;
- Спецификација за вежбата.
Во рамките на работилницата беше реализиран и работен состанок и координација со оценувачкиот тим од составот на Армијата кој ќе го реализира оценувањето по CREVAL на лесниот пешадиски баталјон.
Планирачкиот процес за вежбата „Блесок 22“ продолжува во месец септември со реализација на работилница за изработка на Планот за „Б 22“.
ЈМ/ЗС