Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска со свечено постројување беа затворени 12. Ренџерски игри, кои традиционално се одржуваат во организација на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон (ИРб).
На Ренџерските игри, кои се одржаа во период од 11-15 ноември на полигоните во касарната „Илинден“ и на стрелиштето „Стенковец“, покрај припадници на Армијата учествуваа и припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Првото место екипно го освои тимот од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“- МВР, второто место ѝ припадна на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) – МВР, а третото место го освои тимот на ИРб.
Поединечно во машка конкуренција првото место го освои единицата на ЕБР, второто место САЕ „Тигар“ и третото место ИРб.
Во женска конкуренција поединечно првото место го освои САЕ Тигар, второто место ЕБР и третото место ИРб.
На победниците на игрите им се доделија пехари и признанија, а командантот на ИРб честитајќи им на сите учесници на денешната свеченост, ги затвори 12. Ренџерски игри.