Во рамки на програмата за одбележување на 2-ри Април, денот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна Команда, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се реализира акција за доброволно дарување на крв.
Акцијата се реализира во организација на екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје во соработка со Црвен Крст на Република Македонија.
Во акцијата покрај припадниците од 1. мпбр се вклучија и припадници од воздухопловната бригада и логистичката чета кои се лоцирани во касарната во Петровец.
Во оваа прилика припадниците на АРМ ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи 120 крвни единици. Крводарителна акција беше реализирана и во касарната „Боро Менков” Куманово на ден 16.03.2016 година, каде припадниците од касарната доброволно даруваа 40 крвни единици.
Припадниците на АРМ приклучувајќи се на одбележувањето на 17 март, Денот на крводарителството уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост.