Припадниците од извидувачките водови од составот на потчинетите единици на првата механизирана пешадиска бригада од Здружената Оперативна Команда, во период од 20.08.2015 година до 04.09.2015 година, во кампот Радожда на Охридското езеро реализираа стручно специјалистичка обука во летни услови.
Цел на обуката е оспособување на припадниците од овие водови за користење во техники и стилови на пливање, совладување на водени пречки и изведување на борбени дејства во вода, стекнување на самодоверба и сигурност при работа во плитки и длабоки отворени води, скокови во вода, давање на прва помош на давеник, користење и изработка на пловни објекти со прирачни средства.
Планираните активности се реализираа успешно и безбедно, а посебен акцент се даде на оспособување на персоналот за изведување на најсуштинските борбени задачи, извидувачки дејства и задачите од доменот на операции и дејства во вода.
Во сите форми од обуката персоналот покажа високо ниво на обученост и професионализам при што се стекнаа со потребните квалификации и самодоверба за изведување на борбени дејства во различни услови, односно на различни хидрографски објекти.