Припадниците на баталјонот на Воена Полиција, во неколку групи во периодот 21.01-15.02.2019 година, согласно годишниот план за обука за 2019 година, на терените за обука на локации во гарнизон Кичево, реализираат специфична обука во зимски услови.
Обуката е дел од редовните вежбовни активности соодветна за зимскиот период и има за цел припадниците на баталјонот на Воена полиција, успешно да се обучат и извежбаат во организирање на животот и работата на единицата во отежнати услови, извршување на борбени дејствија во зимски услови, движење во снег, совладување на снежни препреки со формациски и прирачни средства, изработка на импровизирани објекти за престој, живот и работа во планина во зимски услови.
Во текот на обуката во зимски услови, припадниците кои изведуваа обука имаа посета од страна на старешините одговорни за обуката, кои заклучија дека целта и намерата при изведувањето на обуката е постигната, а со тоа обуката е успешно реализирана, а од страна на припадниците на баталјонот на Воена полиција кои изведуваа обука прикажан е висок степен на извежбаност, професионалност, обученост и одлична тимска работа при реализација на обуката во зимски услови.
ВЕ/ЧС/БН