На ден 15.07.2015 година, баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) како дел од стручно специјалистичката обука, со питомци од родот артилериско ракетни единици за противвоздушна одбрана (АРЕ ПВО) од 4-та година на Воената Академија (ВА) „Генерал Михајло Апостолски“ реализира одделенско боево гаѓања на цели на земја со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм на реден број 1 и 3.
На гаѓањето кое е дел од курсот за командири на водови кој во период од 09.06. до 20.07.2015 година се одржа на АП Криволак питомците постигнаа одлични резултати.