Во периодот од 11.04-13.04.2018 година припадниците на 1.механизирана пешадиска чета од составот на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од 1. механизирана пешадиска бригада, на полигонот за тактичка обука реализираа четна ситуационо-теренска вежба.
Вежбата сè реализираше согласно планот и програмата за обука на единицата, така што персоналот се оспособи во реални сценарија приближно на реални услови, согласно мисијата и суштинските задачи. Во текот на вежбата беа реализирани теми од секојдневната обука на единицата, и тоа: изведување на операции во урбана средина, формирање и работа на контролна точка, контрола и претрес на лица и моторни возила, спроведување на патрола и сл.
За време на тридневната ситуациона вежба, применети се потребните процедури, тактики и техники за изведувањето на секоја од планираните тактички обуки.
При изведувањето на обуката персоналот покажа високо ниво на обученост и професионализам.