На 5-ти мај во координација со советот на општината претставници од командата и штабот на 1.мпбр и вбр, предводени од командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Павле Арсоски и командантот на вбр полковник Кире Колевски присуствуваа на одбележувањето на денот на општината со културно уметничка програма во новоизградената спортска сала во дворот на ОУ „Кочо Рацин“ Петровец.
На 6-ти мај соработката продолжи со акција на доброволно дарување на крв на која се приклучија претставници од гарнизонот Петровец, организирана во противпожарниот дом во општината Петровец.
На 7-ми мај беше реализиран тактичко-технички збор (ТТ збор) во кругот на касарната „Страшо Пинџур“ за учениците од ОУ Кочо Рацин каде беше прикажан дел од вооружувањето, опремата, возилата и воздухопловите од единиците. Во истиот ден во воздухопловната бригада се реализира и посета на ученици од Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола. Истите имаа можност да се запознаат со неколку воздухоплови, да влезат и да ги разгледаат и од страна на еден пилот или техничар летач, да добијат одговор на сите нивни прашања.
Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и воздухопловната бригада (вбр) имаат развиено и одржуваат редовна цивилно-воена соработка со претставниците на структурите на локалната власт и со останатите цивилни структури во зоната на одговорноста. И оваа година, во рамките на цивилно-воената соработка се вклучија во одбележувањето на 6-ти мај „Денот на општината Петровец”. Вклучувањето на персоналот од единиците во активноста беше во склад со Програмата за одбележување на денот на општината која ја подготви советот на општина Петровец.
Со вклучувањето во позначајните активности од Програмата за одбележување на Денот на општина Петровец припадниците на АРМ уште еднаш ја потврдија нераскинливата поврзаност со цивилните структури и подготвеноста за понатамошна соработка со цивилните институции и населението во општината на лоцирање на единиците.