На ден 06.02.2014 година, во просториите на четата за АБХО се реализира средба на старешини од родот АБХО. На средбата присустуваат пензионирани и активни старешини и питомци од “Воената Академија”-Скопје – идните потпоручници од родот АБХО.
Баталјонот за Атомско биолошка и хемиска одбрана во АРМ во 1992 година ја продолжува својата мисија наследена од баталјонот АБХО за борбено сервисна поддршка на сите единици на АРМ и поддршка на МВР и цивилните структури. На почеток како единствена единица од родот АБХО на ниво на АРМ-баталјон за АБХО во гарнизон Скопје во касарната “Илинден” под директна команда на Генералштабот на АРМ. Со реформските преструктуирања на Армијата според стандардите на НАТО, во 2002 година се трансформира во чета за АБХО. Со новата трансформација на Армијата на Република Македонија во април 2012 година, четата за АБХО е под команда на 1.мпбр и во месец јули 2012 година извршено е поставување на старешините и војниците од составот на четата за АБХО според новата структура. Во период од 24.01. до 07.02.2014 година во чета за АБХО се реализира стручно специјалистичка АБХ обука со питомците од родот АБХО кои ќе бидат идните офицери од родот АБХО во АРМ.
Оваа средба преставува средба на три генерации, каде што идните офицери во разговор со присутните ќе можат да се стекнат со неопходни искуства и мислења за унапредување на родот АБХО и за нивниот професионален развој во кариерата.