Денес, 31-ви октомври, во Командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), се одржa свеченост по повод упатувањето на 17-тата ротација на медицинскиот тим во мировната мисија АЛТЕА, Босна и Херцеговина. Оновна цел на мисијата е медицинска поддршка од примарно ниво-РОЛЕ 1 за потребите на силите на ЕУФОР во кампот „Бутмир“.
Командантот на брЛП, полковник Владимир Стојановски во своето обраќање истакна дека за досегашното учество од надлежните авторитети се добиени многу признанија за искажаниот професионализам и извршените задачи и дека очекувањата од оваа ротација се да продолжи и го унапреди постигнатото.
Лидерот на медицинскиот тим капетан Дејана Шврака, истакна дека крајно одговорно, професионално и дисциплинирано ќе одговорат на поставените задачи во рамките на мисијата што претставува потврда дека припадниците на Армијата на Република Македонија се подготвени за извршување на задачите рамо до рамо со останатите мировници.
Успешно извршување на мисијата во наредните шест месеци, им посакаа и членовите на нивните семејства, колеги и пријатели кои присуствуваа на оваа свеченост.