Денес, 17.05.2018 година во Здружената оперативна команда (ЗОК), се реализира примопредавање на должноста началник на штаб во ЗОК помеѓу бригаден генерал Азим Нуредин кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност бригаден генерал Орце Јордев.
На свеченоста пред дел од клучниот персонал на ЗОК со пригодни говори се обратија: бригаден генерал Азим Нуредин и бригадниот генерал Орце Јордев.
Бригадниот генерал Азим Нуредин искажа особена благодарност на целокупниот колектив на ЗОК за севкупната поддршка и несебичниот ангажман во времето додека тој ја извршуваше должноста началник на штаб во ЗОК, притоа на новопоставениот началник му посака многу успех во понатамошната работа.
Новопоставениот началник на штаб во ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев обраќајќи се на присутните истакна дека во понатамошниот период не очекува успешна соработка и максимално залагање во извршување на задачите, воедно се заблагодари на генералот Нуредин за резултатите кои ги постигнуваше ЗОК во досегашниот период и вети дека ЗОК ќе продолжи да постигнува резултати со кои ќе се гордеат сите.
На свеченоста бригадниот генерал Азим Нуредин со Указ на Претседателот беше унапреден во чин генерал-мајор и поставен на должност Заменик на Началникот на Генералштабот на АРМ и награден со бронзена значка.
На крајот на свеченоста од страна на припадниците на ЗОК на досегашниот началник на штаб во ЗОК бригаден генерал Азим Нуредин му беше врачен пригоден подарок за сеќавање на деновите поминати на должноста која ја извршуваше во командата.