Во касарната „Илинден“ со воена свеченост припадниците на баталјонот на Воена полиција (бВП), го одбележаа „29ти Октомври – Ден на баталјонот на Воена полиција“ на која присуствуваа командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев, раководителот на ССВБиР полковник Горан Василевски, команданти од единиците на Армијата, поранешни команданти, поранешни припадници на единицата, како и претставници од локалната самоуправа, јавни и приватни претпријатија и останати гости.
Пред присутните свое обраќање имаше генералот Арсоски, кој истакна дека благодарение на професионализмот, одговорноста и ефикасноста на припадниците на единицата, успешно се извршуваат задачите за обезбедување на објектите и лица, одржување на воениот ред и дисциплина, спречување на криминалитетот во одбраната како и ангажирање околу поддршката и справување со мигрантската криза.
Во своето обраќање командантот на баталјонот на Воена полиција, потполковник Кире Николовски истакна дека во изминатиот период успешно се извршени голем број на задачи поврзани со мисија на единицата, учество на меѓународна воена-полициска вежба „Зад Хоризонтот“ во Република Бугарија и учество на сите домашни вежби. Пожртвуваноста, професионалноста, подготвеноста и знаењето на припадниците на бВП се признаена од сите домашни и странски партнери за што секојдневно се добиваат голем број на пофалби и признанија.
По повод Денот на единицата беа прочитани честитки за Денот на единицата и беа доделени стимулативни мерки на припадници од бВП за остварени резултати во работата.
Согласно планот и програмата за одбележување на Денот на единицата беше реализирана крводарителна акција на која уште еднаш беше прикажана хуманоста и солидарноста на дело.
ВС/БН