Припадниците од 1. 3. и 4. механизиран пешадиски баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена Оперативна Команда во изминатиот период на Армискиот полигон Криволак реализираа тактички вежби со боево гаѓање „Механизирана пешадиска чета во напад“.
Раководители на овие комплексни вежби со боеви гаѓања беа командантите на баталјони.
Цел на планираните вежби беше единиците да се извежбаат во изведување на нападни борбени дејства, брзо и сигурно уништување на различни цели на бојното поле и комбинирање на оган и движење во текот на нападот.
На тактичките вежби им претходеа обуки за борба во населено место со одделенијата и водовите, боеви гаѓања со одделенија, вод и чета и гаѓања со минофрлач 82 мм.
При обиколка на единиците од страна на командантот и старешините од командата на 1.мпбр за време на изведување на гаѓањата беше истакнато дека прикажаното во потполност ги задоволува високите норми и дека ваквите вежби секогаш заслужуваат внимание.
Со реализираните вежби единиците од составот на 1.мпбр уште еднаш ја потврдија обученоста на единиците при извршување на борбените задачи.