Во период од 20.04. до 24.04.2015 година персонал од баталјонот за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ) и баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) со успех реализира извежбување на тактичките процедури и постапки во воспоставување на систем за воздушно набљудување на воздушниот простор (ВоП) на Република Македонија и противвоздушна одбрана на дел од територијата на Република Македонија – согласно зададеното сценарио.
Според сценариото, системот за набљудување на ВоП и известување за ситуацијата во ВоП се воспостави преку откривање на воздухоплови со примарен набљудувачки радар од страна на радарската чета (РЧ).
Понатаму податоците се доставуваа на обработка и идентификација во Центарот за командување и контрола (ЦКиК), со користење и на секундарните набљудувачки радари од цивилните структури и соседните центри и проследување на известување за состојбата во ВоП до бПВО.
Притоа персоналот на бПВО успешно ги совлада сите постапки и активности неопходни за успешна реализација на противвоздушна одбрана на единици, објекти и настани од витално значење
Во истиот временски период штабот на бВНЈ и бПВО ги извежбуваа постапките од процесот на донесување на одлука. Изготвена беше оперативна наредба со тежиште на проценка, избор и запоседнување на радарска позиција со мобилен радарски вод, со цел овозможување на најдобра радарска покриеност на националниот ВоП во зоната каде се одвиваа копнените операции и очекувачките правци за влез на противничката авијација.
Резултатот од вежбата покажа дека персоналот од бПВО и бВНЈ е обучен за извршување на мисијата чија крајна цел е заштита на суверенитетот на Националниот ВоП и рано предупредување за напади од воздух. Притоа до израз дојде високото ниво на соработка и координација на единиците во рамките на воздухопловната бригада.