Со воена свеченост која се одржа денес во касарната „Чојлија“ во општина Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон, го одбележаа 2-ри Јуни, Денот на единицата.
На свеченоста покрај командантот на 1.мпбр бригаден генерал Зоран Милески, присуствуваа претставници од ГШ на АРМ, поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на единиците од составот на 1.мпбр, градоначалникот на општина Петровец, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.
Во рамките на прославата со пригодни говори и честитање на празникот се обратија командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригаден генерал Зоран Милески и командантот на тенковскиот баталјон потполковник Тони Златевски, кои се навратија на историјата на единицата и ангажирањето на единицата во изминатиот едногодишен период.
По повод Денот на единицата на свеченоста беа прочитани стимулативни мерки за постигнатите резултати во работата, а беше прогласен и најдобариот вод од составот на тенковскиот баталјон.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов за ден на тенковскиот баталјон кој е во составот на 1.мпбр, одреден е 2-ри Јуни.