Ренџерите од Борбено извидувачка чета реализираа теренска обука, движење по непознат простор со специјализирано извидување на рута на тешко прооден планински терен со надморска висина од 1500 м. до 2500 м.
За време на движењето водовите беа фокусирани на тактика на мали единици, дневна и ноќна навигација, ситуациони тренинг вежби и реакција на лидерите. Дел од обуката беше и совладување на највисоката точка, врвот Голем Кораб со висина од 2764 м.
ЧС/ВМ