Делегација на АРМ предводена од Началникот на Штаб во Здружено оперативната команда (ЗОК), бригаден генерал Азим Нуредин во периодот од 30.03 до 02.04.2016 година учествуваше на Меѓународен симпозиум за воздушно војување 2016 (International Sympozium on Air Warfere 2016 – ISAW’16) кој се реализираше во Истанбул, Турција.
Симпозиумот беше во организација на турскиот воздухопловен колеџ и на истиот се разменуваа идеи и различни перспективи на возухопловната и вселенската моќ. На симпозиумот учество земаа високи воени авторитети, реномирани академски граѓани и претставници од поголемите авио-индустрии од повеќе од 50 држави. Активноста беше реализирана во 4 сесии на кои зборуваа истакнати говорници од различни држави, со повеќе од 1000 учесници од повеќе од 60 држави.
Турскиот воздухопловен колеџ претставува највисоко ниво на образование и обука во турското воено воздухопловство. Колеџот има за цел на идните воени лидери да им пренесе лидерски вештини потребни за справување со денешното воздушно војување за надминување на оперативните и логистичките проблеми, како и оперативно планирање за постигнување на политички цели.