Во периодот од 09.09 – 22.09.2015 година припадници на АРМ во улога на штабен персонал учествуваа на вежбата „Брз Одговор 15“ (Immediate Response – 15) која се реализираше истовремено во Република Словенија, СР Германија и Република Хрватска.
Активностите на вежбата се реализираа на вежбовниот полигон „Еуген Квареник“ во Слуњ, во симулациониот центар во Загреб, вежбовниот полигон во Постојна и во симулациониот центар во Графенховер.
Припадниците на АРМ беа распоредени и извршуваа задачи на различни штабни позиции и нивоа во формациската структура на вежбата и на сите локации на кои се изведуваше вежбата. Ангажираниот персонал покажа посветеност и професионализам при реализацијата на сложените задачи и активности, во согласност со зададените настани и инциденти.
Брз одговор е вежба која се организира од страна на командата на Армијата на САД во Европа и се реализира секоја година во горенаведените локации и на истата учествуваат припадници на армиите на САД, Р. Словенија, Р. Хрватска, Р. Македонија, Босна и Херцеговина, Р. Црна Гора и од заштитниот корпус на Косово.
Цел на оваа вежба е подобрување на интероперабилноста и компатибилноста во спроведување на процесот на донесување на воени одлуки, процедурите и комуникацијата помеѓу армиите на НАТО и партнерските земји.
Покрај ова со вежбата се подобрува регионалната соработка помеѓу земјите учеснички и способноста за спроведување на НАТО предводени операции.